Мајка на 4-годишно девојче со необичен изглед вели дека ќерка ѝ е горда на своите „шари“

Присила е родена со пиебалдизам, генетска состојба која предизвикува кожата да биде со два тена и бели прамени во косата. Некои луѓе можеби чудно ја гледаат 4-годишната Присила, но таа многу си ги сака своите „шари“.

Нејзината мајка, Вики Гагларди – учителка од Њујорк, САД, ја има истата состојба, предизвикувајќи нелигментирана или бела боја на кожата и / или на косата.

„Кога конечно забременив, му се молев на Бога моето дете да не го добие тоа. Како родител, сакам моето дете да биде заштитено.“, вели таа. Кога Присила се родила во 2015 година, медицинските сестри откриле дека и таа има бела коса. Ова го означи крајот на несигурноста на нејзината мајка: „Тогаш и таму знаев дека поминаа деновите на покривање на мојата кожа. Бог ми ја дал оваа состојба да ми научи лекција. Сакам моето бебе да се гордее со кожата што ја има.“

Присила своите шаи ги нарекува „супер-точки“ затоа што мајка ѝ и татко ѝ кажале дека тие се нејзините супермоќи, затоа што е уникатна. Сепак девојчето не можеда избега од непристојните луѓе. Вики вели дека освен децата кои не ја разбираат ситуацијата, во Присила перистојно зјапаат и возрасните, што предизвикува на девојчето да му биде непријатно.

Како и да е родителите на Присила не дозволуваат ова да ја растажува, тие се против насилниците и сакаат нивната ќерка да изгради самодоверба и да се сака секогаш таква каква што е.

Тие посочуваат дека и останатите родители треба на ист начин да постапуваат со децата. Криењето и покривањето носи само многу несигурности и разочарувања.