Мајка почнала да добива кутии полни со играчки и дури подоцна сфатила што се случува
Кога на Вероника Харви ѝ била доставена првата кутија таа си помислила дека нејзините роднини им испратиле на децата играчки бидејќи секоја година за празниците го прават тоа. Но, 26 годишната мајка се збунила откако кутиите продолжиле да пристигнуваат на нејзината адреса.
По пристигнувањето на третата кутија Вероника почнала да ги отвара и во една од нив имамо барбики, куќичка на Барби и 48 пакувања батерии. Таа сфатила дека нешто сомнително се случува кога нејзината 6-годишна ќерка Арис трчала кон собата на нејзиниот помал брат, 4-годишниот Камерон за да му каже дека „им пристигнале играчките од Амазон“.
Мајката од Мичиген, САД, решила да ги праша своите најмили што се случува. На неа ѝ станало јасно дека децата ги порачале играчките, но не ѝ било јасно како го направиле тоа.
Но, Арис и Камерон очигледно го направиле на најлесниот можен начин… Ја прашале Алекса. Гласовниот асистент кој очигледно ги има и сите информации од картичките на Вероника добил „барање“ од децата а тоа „дали можат да си ги порачат играчките од Амазон“ и секако како и секој „добар асистент“ Алекса веднаш им ги порачала.