Мајка постојано слушала гласни „прдежи“ по дома и не ѝ било мило кога дознала дека платила за нив

Емили Вотсон прилично се изнервирала кога во сите соби во нејзиниот дом постојано се слушале гласни прдежи. Кој бил подуениот виновник? Кој може да испушта толку силни гасови, толку пати на ден, секој ден?

Се покажало дека „виновникот“ не е човек, бар не директно. Прдежите ги испуштала Алекса, виртуелниот асистент на Амазон.

Секако Алекса служи за да помогне во било каква ситуација, но може да направи и скоро сѐ што ќе посакате. Така на пример доколку ѝ кажете: „Алекса прдни“, таа ќе го направи тоа. Но, на палавите две деца на Емили не им било доволно Алекса да го прави тоа само кога ќе го побараат од неа и тоа еднократно. Така децата си порачале „комплет гласни прдежи за Алекса“ и секако мајка им платила за тоа од нејзината кредитна картичка, иако не била свесна.

Емили во објава на Фејсбук напишала: „Во последните три дена сите Алекса направи во куќата испуштаат звуци на прдежи. Очигледно јас сум платила за ова да се случува. Дали некој сака да му дадам две деца?“ Емили објави скриншот од нејзиниот разговор со претставник за услуги на клиентите во Амазон.

Претставникот ѝ вратил: „Разбирам дека вашето дете случајно направило нарачка и сакате да ја откажете нарачката со враќање на парите. Ќе Ви помогнам.“