Мајка тврди дека се преплашила кога го снимила нејзиното дете како разговара со починатиот сосед
Џорџија Хоусон почнала да ја снима ќерката Ирис Меј Хоусон кога ја видела како зборува со „ништо“ и покрај тоа што ѝ го свртела грбот на својата мајка.
Таа вели дека се шокирала откако на видеото забележала бела светлина. Второто видео снимено еден час подоцна покажува дека малото девојче повторно гледа во воздухот пред да падне во своето креветче.
Мајката од Велс смета дека белото светло е дух бидејќи Ирис Меј постојано правела „чудно движење“ со главата. „Постојано ја тресе главата, па јас ја снимав“, објасни таа. 20-годишната мајка била многу тажна кога нивен сосед починал ненадејно пред шест години и верува дека Ирис Меј разговарала со неговиот дух.
Откако посетила „видовита жена“ добила совет да ѝ покаже фотографија од човекот на својата ќерка и таа го направила тоа. Џорџија вели дека девојчето штом ја видело фотографијата се возбудило и почнало од радост да се смее и да плеска со рацете. Што според мајката е добар доказ дека го видела него.
Мајката вели дека знае дека соседот бил добар човек и девојчето му се радува така што „не ѝ пречи“ што дошол да ја посети и не се плаши за нејзината безбедност.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.