Мајка влезе во историјата откако беше крунисана како најстара „Мис Германија“ на сите времиња

Леони фон Хасе победи 7.500 девојки кои аплицирале за круната, додека во исто време има свој бизнис преку интернет и се грижи за својот 3-годишен син.

35-годишната мајка ја освои круната за Мис Германија и со ова стана најстара мисица во историјата на земјата.

Таа исто така е најстарата жена која што се натпреварувала на натпреварот кој започнал во 1927 година. За Леони се вели дека е избрана за победник не само поради нејзиниот изглед, туку и за нејзиниот интелект и животните достигнувања.

Во изјавата, таа рече како сака да биде пример за тоа како можете да постигнете успех во животот на која било возраст. Леони додаде дека имала низа работни места во период од 15 години од келнерка и стилист, до новинар и креативен директор.

Мис Германија 2020 година беше првиот од натпреварите во Мис Германија во 93-годишната историја што им овозможи на мажените жени и мајките да учествуваат. Затоа, тие ја продолжија максималната возраст на учество за десет години за да вклучат жени до 39 години.

И покрај тоа што некои натпревари за убавина како Мис Германија се критикувани во последните години, очигледно е дека тие се обидуваат да станат помодерни и поинклузивни дозволувајќи им на учество на постари, мажени жени и мајки.