Мајка заработува 60.000 долари месечно од веб страна за возрасни и парите ги троши за да ѝ надомести на својата ќерка

Мајка од Флорида успеа да избега од „сиромаштијата“ преку веб страна за возрасни наречена OnlyFans и сега го користи својот голем приход за да го надомести изгубеното време со својата ќерка.

29-годишната Стефани Вилагомез имала тежок живот. Нејзината мајка починала кога таа имала само 12 години, а нејзиниот татко физички ја малтретирал.

За да избега од оваа злоупотреба, Стефани побегнала од дома и морала да се грижи сама за себе. Таа имала многу потешкотии в животот и се селела од еден во друг дом на своите браќа и сестри. За среќа, Стефани на крајот успеала да најде соодветно училиште за неа и покрај личните проблеми успеала да ја добие и својата диплома. Сепак, откако забременила на 17 години, Стефани се соочила со понатамошни борби.

За жал, животот на Стефани изгубил контрола откако престанала да комуницира со својата ќерка. Стефани вели: „Знаев дека треба да работам. Работев две работни места, во ресторани, сè што можев да најдам. Одев на работа во 7 часот наутро, се враќав дома во 22 часот навечер. Ќерка ми живееше кај нејзините баба и дедо цела година бидејќи мојот стан беше премал, таа плачеше секој пат кога ќе заминев на работа. Ми го скрши срцето, таа не сакаше да биде со мене дури и за време на викендите, бидејќи секогаш ја напуштав – таа се навикнуваше повеќе на баба ѝ од мене.“

Фотограф ја охрабрил Стефани дека може да собере многу следбеници на социјалните мрежи затоа што е атрактивна. Таа го послушала, позирала и наскоро имала 1,6 милиони следбеници. Но, сепак ова не ѝ носело некој голем приход, па така таа решила да се приклучи на страницата OnlyFans, каде што таа праќа експлицитни фотографии и видеа на своите обожаватели.

Стефани од „најзабеганите“ барања ги издвојува: „Имав многу чудни барања, како на пример фотографии од моите пети, и мојата користена долна облека. Најлудо беше кога човек плати 3.000 долари за да се снимам како вршам голема нужда за него. Засрамувачко е, но тој изгледаше среќен со тоа.“

Сега таа заработува над 60.000 долари месечно и вели дека си го средила животот и настојува да поминува што е можно повеќе време со својата ќерка за да ѝ надомести за изгубените денови.