Мајката смисли совршен начин како бебето секогаш да биде мирно и да не плаче

Снаодлива мајка дошла до совршен начин да го спречи своето дете да плаче кога ќе излезе од собата. Како што многу родители знаат, некои мали деца почнуваат да врескаат веднаш што мајката ќе излезе од собата, па затоа не е изненадувачки што една жена реши да најде решение за нејзиното 1-годишно детенце да не рони солзи и таа да може да си ги извршува работите.

Корисникот на Твитер, @sato_nezi, ја сподели генијалната идеја на својата сопруга со која нивниот син е сосема мирен. Од картон направиле верзија на мајката и ја оставаат во близина на детето за да го залажат дека таа е сѐ уште таму и го гледа. Дури и направиле неколку верзии за илузијата да биде подобра.