Мајмун ја рекреираше сцената од култниот „Кралот лав“, но оваа приказна нема среќен крај

Фотограф беше сведок на сцена од Кралот лав, но вистината зад овој потег е далеку од емотивниот момент во анимираниот филм.

Водачот на Сафари, Курт Шулц, фотографирал лавови во Националниот парк Кругер во Јужна Африка кога забележал како машки бабун носи мало лавче со него кон дрвото.

Иако изгледа како мајмунот да сака да се грижи за младенчето и го негува и чува сепак тој само се подготвува да го убие. Шулц во неколку наврати видел дека младенчињата се жртви на групите бабуни и се плашел дека оваа ситуација нема да биде поинаква, бидејќи бројни мајмуни се собирале под дрвото за да го следат младиот лав.

Фотографот го фатил овој момент на камера и иако одност помеѓу животните покажува навидум симпатична врска Шулц призна дека ситуацијата веројатно не завршила добро за младото младенче. Тој ја продолжил турата со туристите а приматите го земале лавчето со себе.

„Групата на бабуните беше голема и лавицата нема да може да си го врати младенчето. Природата е сурова скоро секогаш и опстанокот на младите младенчиња не е лесен. Лавчето претставува закана за бабуните кога ќе порасне и тие го знаат тоа.“, објаснува Курт.