Маќеа побарала да го „избришат“ нејзиниот 3-годишен посинок од фотографијата и предизвика општ гнев кај луѓето

Сме слушале приказни за злобни маќеи кои ги малтретираат децата на своите сопрузи, но за жал вакво нешто често се случува и во реалниот живот. Една мајка се соочи со гневот на луѓето на интернет како и на биолошката мајка на детето, откако во Фејсбук група објавила фотографија од неа со нејзините две биолошки деца и посинокот и побарала некој да ѝ ја уреди сликата така што ќе го избрише 3- годишното момче од неа.

„Мојата прва реакција: Ме изнервираа, затоа што морав да дознаам од бабата на мојот најмлад син, бидејќи таа го виде на страницата на Фејсбук на маќеата што ја следи. Нејзиниот пост беше објавен во саботата од она што ми го кажаа и таа и неговиот татко но тие дури и не ме информираа за тоа каква била нејзината оригинална објава.“, објаснува биолошката мајка на детето, кога има старателство над него и го пратила кај татко му за празниците.

Еве што напишала маќеата во групата: „Дали има некој начин да го отстраните детето од десно на фотографијата. Тој ми е посинок и ги сакам фотографиите на кои сме заедно, но не направивме добри со моите две без него. Исто така отстранете го и од целосната семејна фотографија. Ви благодарам однапред. УРЕДЕНО: Си го сакам посинокот но сакам неколку без него во нив. Веќе ги објавив тие но сакам да ги имам и на двата начина.“

Маќеата добила многу остри критики и дури продолжила да се правда дека тоа што го напишала „не е ништо страшно“. Биолошката мајка на детето вели дека не очекувала вакво нешто и дека ова била средба на нејзиниот син со неговиот татко по цели 6 месеци. Таа вели дека не знае сѐ уште како да се справи со ситуацијата, но таа и нејзиното семејство многу го сакаат нејзиниот син и смета дека детето ќе ја добие потребната љубов.

Откако била оцрнета на сцијалните мрежи маќеата се обидела и да се извини велејќи дека тоа што го напишала било „глупаво од нејзината страна“, но луѓето не веруваат во нејзината искреност.