Мајка доби „чоколаден тен“ кој никој не би го посакувал и сега е идеална мета за шеги од своите пријатели

Приказните за проблеми со тен се релативно вообичаени. Има толку многу нијанси, толку многу опции, толку многу подвижни делови при воспоставување на правилен изглед.

Во обид да се расположи и да се чувствува свежо и исончано во зимските денови Џенис Еванс платила 5 евра за лосион за самопотемнување. Сепак таа не очекувала дека лосионот толку „добро“ ќе делува и завршила со изглед кој пријателите го споредиле со плашило.

За неколку минути по нанесувањето на лажниот тен, нејзината кожа станала многу потемна од што таа очекувала. Џенис веднаш отишла под туш и се мачкала со бебешко масло за да го „осветли“ тенот, но и по три дена бојата „не мрдала“.

38-годишната на крајот се откажала и решила да ги насмее и другите луѓе, објавувајќи фотографии на Фејсбук со описот: „Сите мои пријатели се шегуваат со мене. Тие рекоа дека изгледам како Ворзел Гумиџ, особено со косата.“

За оние кои не знаат (не знаевме и ние) Ворзел е плашило кое оди и зборува со глава направена од портокалов зеленчук. Секако ова е измислен лик, но Џенис дефинитивно е таква и во реалноста. Таа вели дека по катастрофата нејзините 4 деца ѝ забраниле да ги носи на училиште за да не ги посрамоти со новиот тен.