Мајка на близнаци со различна боја на кожата постојано ја прашуваат кое од децата е нејзино
Оваа 31-годишна нигериска мајка не знаела што ја чека кој тргнала кон салата за породување минатиот февруари.
Таа знаела дека ќе добие близнаци, но едно е сигурно, нема да има проблем да ги разликува. Браќата Даниел и Дејвид се родени во рок до неколку минути, но сепак воопшто не личат еден на друг освен големите кафеави очи.
Нивните родители Стејси и Бабаџиде, кои живеат во Лагос, и двајцата се црни, но едно од бебињата е родено албино. Како резултат на тоа, симпатичните близнаци се причина луѓето да „зјапаат“ во нив, од добри и лоши причини. Даниел има темна кожа и црна кадрава коса, исто како и неговата 5-годишна сестра Демиладе, а Дејвид има шокантна бела бледа кожа и „златни локни“.
„Не знаевме за нивните разлики додека бев бремена, ултразвукот не покажа такво нешто, така беше огромно изненадување и најневеројатниот момент кога излезе првиот близнак (Даниел) со црна коса и дојде и вториот (Дејвид) надвор со златна коса.“, објаснува мајката, која вели дека и медицинските сестри почнале да се собираат за да ги видат близнаците.
Албинизмот е наследна генетска состојба предизвикана од недостаток на меланин, пигмент формиран во кожата, косата и очите. Се јавува кај сите етнички и расни групи и нивото на пигментацијата може да варира во зависност од видот. Шансата да се роди со албинизам обично се движи од 1 на 3.000 до 1 на 20 000.
Дејвид има окулокутан албинизам, што резултира во неговата бледа кожа и прекрасни златни кадрици. Мајката вели дека иако има случаи албино децата да бидат отфрлени од општеството кај нив нема такво нешто, но често ѝ се случува луѓето да ја прашуваат кое дете е нејзиното.