Мајка од Манчестер одлучила дека сака убав тен за време на карантинот и по нејзината одлука дефинитивно нема да излезе од дома

35-годишната Џени Колман е мајка на две деца од Манчестер. Таа работи како негувателка, но за време на карантинот останала дома.

На Џени ѝ било здодевно па решила да се „поигра“ малку и да си направи убав тен, кога веќе нели не може да се сонча.

Така таа си нанела од кремата си наточила вино и го чекала резултатот. По одредено време забележала дека нејзиниот тен има зеленикава боја. Првин мислела дека така треба да биде додека не се искапе, но кога го сторила и тоа сфатила дека ситуацијата е далеку од мала нијанса. Целото тело на жената било зелено.

Првин не ѝ било јасно како можело да се случи ова, но кога подобро ја погледнала кремата сфатила дека е со изминат рок на траење. Нејзините пријатели веднаш ја споредиле со „Злобната вештерка од западот“ од Волшебникот од Оз.

Џени која е мајка на 17-годишната Ли и 14-годишната Емили вели дека прилично се изнамачила додека да ја извади бојата од својата кожа.