Мајка се плашела дека ќе умре, откако раката ѝ останала заглавена под креветот 13 часа

Во обид да го најде својот MP3 плеер, Клер Монтело погледнала под креветот. Но, таа помислила дека на нејзиниот живот му дошол крај, откако се срушил врз нејзината рака и останала заглавена 13 часа. Додека 39-годишната жена ја протегала раката за да го најде плеерот, рамката и душекот паднале и ѝ ја заробиле раката од лактот надолу.

Мајката на три деца го доживеала нејзиниот најголем кошмар. Во домот немало никој, а таа не можела да дојде до мобилниот телефон за да побара помош. Клер, од Гранџвуд, Честерфилд, немала сила да го крене креветот со другата рака и да се ослободи. После постојано врескање и викање, таа морала да се потпре на креветот бидејќи била премногу уморна за да стои и со тоа дополнително ја повредувала раката под механизмот.

Таа дури вели дека преземала драстични мерки за да остане хидрирана. Според неа таа се терала себе да повраќа со цел да ја одржи влагата во устата. Кога нејзиниот сопруг Франческо (61) се вратил од својата ноќна смена, таа конечно била ослободена.

„Едноставно не можам да верувам дека се случи. Мислев дека ќе умрам. Морав да предизвикувам гадење за да ја одржувам влагата во устата, како начин да преживеам. Најверојатно сум повратила околу 40 пати. Бидејќи гардероберот беше веднаш до креветот, не можев да седнам. Знаев дека Франческо нема да се врати до утрото, па немав друг избор освен да седам на креветот. Не можев да издржам толку долго.“, вели Клер.

Борбата се чинела бескрајна за Клер. „Јас врескав и викав за да добијам некаков одговор, но не ми помага да живеам покрај вратата на 92-годишен маж кој е глув. Можев да го слушнам неговиот ТВ“, вели таа.

Клер била пренесена во болницата Ројал Дерби и бил задржана на двонеделен престој и била подложена на четири операции. Лекарите извршиле пресадување на кожата користејќи кожа од бутот, како и отстранување на мускул. Лекарите ѝ кажале дека постои шанса 50:50 таа да го врати движењето во левата рака.

Сепак Клер иако сѐ уште е во агонија вели дека е благодарна на лекарите од болницата и на нејзиниот сопруг, за сета помош која ѝ ја пружиле.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!