Мајка се соочи со постар маж кој не престанувал да ја „манијачи“ нејзината млада ќерка

Стефани Ибарондо тргнала да пазари во локален супермаркет во Чикаго заедно со својата 21-годишна ќерка Џулија Френк. Уште кога влегле внатре еден повозрасен човек постојано одел зад Џулија и ги прател двете жени на која страна и да тргнат. Девојката се почувствувала непријатно па решила да ѝ каже на Стефани.

Мајката без двоумење се соочила со човекот, а Џулија го снимила видеото. Таа му вели на мажот: „Престани да зјапаш во задникот на мојата ќерка.“ и го нарекла и „валкан стар човек“, додека мажот рекол: „Облекувај се како проститутка, ќе изгледаш како проститутка.“ Иако тоа не е ни важно Џулија во тој момент носела широка маица и тренерки. Обезбедувањето набрзо го избркало човекот од супермаркетот.