Мајка со најнеобичната зависност, троши 9.500 евра за да си ја „задоволи желбата“

Мајка ја откри својата бизарна зависност, која ја тера да јаде цело пакување од Johnson’s Baby бебешка пудра на ден. Лиза Андерсон за прв пат започна да ја јаде пудрата пред 15 години кога ја искористила на нејзиниот тогаш најмал син и почувствувала желба да ја проба.

44-годишната смета дека потрошила огромна сума од околу 9.500 евра на нејзината необична желба и трча во бањата најмалку 40 пати на ден за да изеде малку од белиот прав кој го става на задниот дел од раката.

Лиза која страда од анксиозност и депресија троши најмалку 12 евра неделно на нејзината зависност. Таа јаде пудра на секои 30 минути и станува 4 пати во текот на ноќта за да си ја задоволи потребата. Таа вели дека јаде само еден оброк на ден и го прескокнува појадокот и ручекот за да јаде бебешка пудра во текот на денот.

Лиса од Паигтон, Девон, ја чувала во тајност својата навика една деценија пред да се довери на бившиот партнер – и сега ја искористи храброста да добие стручна помош. На мајката на 5 деца лекарите неодамна ѝ кажале дека има симптоми на ПИКА синдром, што е нарушување во исхраната, кое се карактеризира со принуда да јаде не-прехранбени производи.

Таа треба да добие стручна помош кон крајот на овој месец и ги охрабрува и останатите луѓе кои се во слична ситуација како неа да го направат истото.