Мајка сподели приказна за тивкиот средношколец кој ги платил подароците за малите деца

Декември е дефинитивно времето на Божиќниот дух и со тоа доаѓа бран на случајни чинови на добрина и љубезност. Луѓето честопати се најрасположени да подаруваат во овој дел од годината и иако тоа може да изгледа како очекувана појава, за среќа, сè уште нè изненадува.

Ерика Милс била дефинитивно изненадена додека волонтирала во „Тајната продавница на Дедо Мраз“ во локално училиште.

Едно од малите деца кое дошло да купи подарок немало доволно пари, така еден од матурантите извадил од својот паричник и го платил подарокот. Ерика првин си помислила дека детето му е роднина и не обрнала многу внимание на тоа.

Но, неколку минути подоцна тивкиот средношколец го направил истото со друго дете. Тогаш Ерика го прашала дали ги познава тие деца. Момчето се насмевнало и ѝ одговорило дека не ги познава, но сака да им помогне. Освен што им ги платил подароците тој им помогнал и со составување на списокот за божиќни желби.