Мајката дознала дека може да се направи маска и од градник, но очигледно ова не важи и за неа

Среде избувнувањето на коронавирусот, Џема Херман забележала нов тренд на интернет во кој жените прават маски за лице од своите градници. 40-годишната мајка свесна дека постои недостаток на маски решила и таа самата да си направи една таква маска.

Откако ги следела сите инструкции и ја поставила маската на лицето сфатила дека овој „трик“ нема да функционира кај сите дами. Бујното деколте на Џема не ѝ дозволило да ја има „убавата мала маска“ која ја видела на моделот. Џема веднаш почнала да се смее кога го сфатила резултатот и го замолила нејзиниот 45-годишен сопруг да ја фотографира.