Мајката не можела да ги задржи солзите, кога дознала за желбата на нејзиниот син за Божиќ
Додека другите деца бараат телефони и таблети за Божиќ, ова 6 годишно момче од Англија напишало писмо до Дедо Мраз со сосема поинаква желба.
Откако го завршил писмото, малиот Бен и го дал на својата мајка и ја замолил да ги провери грешките, а потоа да му помогне да го испратат на вистинската адреса.
Ова е писмото а преводот е под сликата.
„За Дедо Мраз. Бев добар, но не цело време. Овој Божиќ сакам да го поминувам времето со семејството “.
Писмото многу ја трогнало мајката која поради многуте обврски на работа не поминувала доволно време со семејството.