Мачка која живеела во затворен ѕид 2 години конечно е на слобода благодарение на добрината на еден човек

Еден човек од Кина пред 2 години слушнал чуден звук кој доаѓал од ѕидот на зградата каде што живее. Тој сфатил дека станува збор за некое животно и решил да постапи хумано. Оставил сад со вода и храна во единствената дупка која се отварала. Наредниот ден храната ја немало, па така човекот одлучил постојано да остава храна за животното, а понекогаш дури и садовите му ги снемувало.

Најголемиот дел од станарите мислеле дека се работиза стаорец, но човекот почнал да се сомнева па повикал експерти за да го истражат случајот. Сепак станува збор за преслатка мачка која се изолирала од луѓето и најмалку две години живее во ѕидот. Екипата навистина се намачи додека да дојде до неа бидејќи премногу се плаши од цивилизација. Но, сега Кети е во добри раце, со човекот кој ја одржувал во живот 2 години.