Мачка повторно си ја пронајде сопственичката откако судбината ги разделила пред 11 години

72-годишната Ева Мекдонел од Бирмингем била многу вознемирена кога нејзината мачка Миси исчезнала од нејзиниот автомобил додека таа купувала млеко во продавница на 23 април 2009 година.

Ева не ни знаела дека Миси е во автомобилот и вели дека се упатила кон кружен тек и оттогаш ѝ се губи секаква трага.

Иако долго време ја барала, но не можела да ја најде Ева се откажала од потрагата и надежта дека некогаш повторно ќе ја види Миси. Таа всушност живеела 12км од домот на Ева како улична мачка. Едно семејство ѝ се сожалило и одлучило да ја однесе на ветеринар каде што било заклучено дека мачката има сопственик.

Бабата на 5 внуци не можела да поверува дека судбината повторно ги споила и Миси повторно е во својот топол дом. Ева вели дека тие веднаш се препознале и иако ѝ треба малку адаптација Миси ќе се врати на безгрижниот живот на домашна мачка.