Мачка си ги „издресирала“ своите сопственици да знаат кога да ја нахранат

Секако прво што ќе помислите е дека сопствениците ја дресирале мачката, но ајде да размислиме кој има најголема корист од ситуацијата? Мачката Бејкон сфатила што е финтата кога нејзината чинија со храна е празна и секогаш кога е гладна прави еден специфичен звук.

Секое утро кога станувале сопствениците ѝ велеле на мачката: „Ух-ох! чинијата ти е празна“, а потоа ѝ ставале храна. Бејкон си сфатила кој е знакот за празна чинија, па секогаш кога е гладна го испушта истиот звук. Нејзините сопственици велат дека таа е „тврдоглава“ и не го испушта звукот без причина туку само кога чинијата ѝ е празна и сака да јаде.

Бејкон има 11 години и дефинитивно е девојка која знае што сака во животот. Таа влегла во животите на нејзините сопственици така што им „плачела“ пред вратата, а веднаш штом ја отвориле таа влетала и се сместила на креветот. Така што очигледно е кој ги држи конците во раце во оваа семејство.