Мачка за прв пат ја посетува плажата и има многу „изразено“ мислење во врска со неа

Според нас нема ништо подобро од релаксација на плажа, но сепак плажата не е за секого. Токму тоа го откри едно семејство откако ги однесе своите мачки за прв пат на една локална плажа. Сопственичката Тиа редовно ги носи своите мачки, браќата Тиквичка и Мустачио на најразлични авантури со семејството, па кога тргнале да одат на плажа си помислила зошто да не ги земе и нив…

Тиа вели дека на Тиквичка и Мустачио им се допаднала плажата, но Тиквичка имал „мал проблем“ со ветерот. Тој правел неверојатни гримаси кои Тиа едноставно не можела да одолее, а да не ги фотографира. Очигледно Тиквичка сака мирно и сончево време за да ужива, а не вакви „глупости“.