Мадона ја поместува границата на 67 години: Голота, млади љубовници и провокативен спот ја шокираат јавноста
Три години ја делат од 70-тиот роденден, но Мадона повторно докажува дека не постои возраст за да се биде провокативен и шокантен. Со својот настап во жешка кампања за Dolce & Gabbana, таа ја разгоре јавноста, без срам соблекувајќи се по долна облека и препуштајќи се на страст со двајца млади љубовници во неверојатно провокативна реклама за парфемот The One.

Кампањата го слави јубилејот на The One и носи нови провокации од познатиот фотограф Мерт Алас
Оваа кампања, која го одбележува 20-годишниот јубилеј на The One, е дело на турскиот фотограф Мерт Алас. Тој соработувал со Мадона и претходно, како автор на обложниците за нејзините албуми MDNA и Rebel Heart. Во оваа рекламна приказна се претставуваат двa нови парфеми– The One Eau de Parfum Intense и The One for Men Parfum, заедно со реформулиран The One for Men Eau de Parfum.

Мадона ја живее љубовта без граници: Новиот дечко е 29-годишен фудбалер и сите нејзини деца го прифатиле
За Мадона, љубовта со помлади мажи не е непозната тема. Во моментов таа е во врска со 29-годишниот фудбалер Аким Морис. Мадона е мајка на шест деца, меѓу кои Лурдес (29), добиена со Карлос Леон, и синот Роко (25), со поранешниот сопруг Гај Ричи. Исто така, ги има посвоено Девид (20), Мерси (19) и близначките Стела и Естере (13). Нејзините деца веќе го имаат запознаено Морис, а заедно ја прославиле Ханука минатиот месец со Стела и Естере. Мадона и Морис се запознале во 2022 година за време на снимањето на Paper Magazine.


Golota a.
…а, што треба да прави на тие години?!
Коментирај анонимно