Маестрални „течни скулптури“: Норвешки фотограф ги фаќа капките вода во точната секунда за тие да изгледаат какo да се живи
Човечките суштества извајале уметнички дела од сите видови материјали низ историјата, од глина до бетон до бронза. Некои вајаат со вода во форма на мраз, но што ако можете да создадете скулптури со мали капки течност?
Норвешкиот уметник Рони Тертнес го прави токму тоа. Неговите „течни скулптури“ изгледаат како нешто од друга планета или друга димензија, а во исто време се целосно препознатливи како капки вода.
Според SLR Lounge , Тертнес користи ултра брза фотографија, блиц апаратури, чад и различни видови течности за да ги создаде и долови своите шарени скулптури во дел од секундата. Тој меша вода со разни супстанци за да создаде текстура, боја и движење на неговите фотографии, а ефектот е одземен. Тој прави некои уредувања и во Photoshop. Формата на неговите фотографии доаѓа од уникатното движење на една капка, која на крајот може да изгледа како човек, цвет, вонземјанин или апстрактна стаклена скулптура. Понекогаш изгледаат како луѓе кои танцуваат. Само неверојатно.
Понекогаш тој создава огледални слики кои на крајот изгледаат како животни или вонземски суштества.
И, конечно, еве слајдшоу каде што можете да го слушнете како свири на гитара и да ги погледнете неговите прекрасни течни скулптури. Уживајте.
Коментирај анонимно