Магационер инвестирал во криптовалути, a сега може да се пензионира на 35-годишна возраст
Поранешниот менаџер на магацин во супермаркет по име Роб, може слободно да се пензионира на 35-годишна возраст, откако инвестирал во популарна криптовалута.
Роб почнал да тргува со криптовалути во обид да изгради подобра иднина за партнерката и синот.
Тој се заинтересира за криптовалутата Шиба Ину, која беше лансиран во август 2020 година.

Трговецот одлучил постепено да инвестира 8.000 долари и очекувал неговата добивка да расте.
Со оглед на тоа што вредноста на валутата постојано растеше во мај, Роб можел да види како се множат неговите приходи и рече дека ја проверувал својата сметка на секој час за да се увери дека неговите добивки сè уште се таму.
Тој рече: „Потекнувам од сиромашно семејство. Никогаш не можев ни да фантазирам да имам толку пари“.
Таткото потоа искеширал Шиба Ину валити во вредност од 500.000 долари и ги ставил на неговата банкарска сметка.
Друг пораст на вредноста на монетата ја зголемила заработката на Роб на над 1 милион долари, според документите разгледани од Fortune.
Минатата недела друг трговец стана милионер и дури можеше да купи куќа откако инвестирал во Шиба Ину.

И покрај фактот што ја пропуштија шансата да заработат многу повеќе пари во иднина, тие рекоа дека се задоволни со резултатот.
Во меѓувреме, минатиот месец среќен крипто-инвеститор кој купил Шиба Ину валути од 6.000 евра, кратко време по неговото деби во 2020 година, стана милијардер.
И покрај случаите на овие среќни поединци, криптовалутите се исклучително нестабилни и може да бидат ризични за инвестирање.
За разлика од другите видови инвестиции, крипто не е регулирано, така што немате заштита доколку работите тргнат наопаку.
Една од главните грижи за крипто е тоа што не постои гаранција дека ќе можете да ги претворите вашите средства назад во готовина кога ќе ви треба.
