Магична глетка со мрачно минато: Марко и неговиот дрон ни покажаа една заборавена природна убавина во Македонија

Кога ќе помислиме на природни езера во Македонија први на ум ни доаѓаат Охридско, Преспанско, Дојранско и тука листата почнува да се намалува. Но, дали сте знаеле дека 3 км јужно од приградската населба Ваташа на Кавадарци постои природно езеро кое настанало случајно во исто време предизвикувајќи трагедија?

Езерото е едно од најмладите хидрографски објекти во Европа и е единствен пример за урниско езеро, настанато со уривање на една од долин ските страни на Ваташка Река (месен назив на Луда Мара). Марко Џамбазоски одлучи да го посети местото и да ја овековечи неговата убавина со дрон.

Тој ја раскажа и темната страна за настанување на езерото која вреди да биде прочитана: „Едно навидум вообичаено утро, пред неполни 66 години, за 11 жители на Моклиште станало кобно. Додека со своите овци биле по пасиштата на ридот не можеле ни да замислат дека последното нешто што ќе видат ќе биде километарската земјена лавина, која во дел од моментот ќе се изрони од ридот и безмилосно ќе ги остави под земја, заедно со илјадници овци и добиток. Оваа огромна количина на земја ја преградила долината на Бунарска Река и така, од трагедија се родило едно од најмладите природни езера на овие простори, живописно и уникатно, природна реткост која денес изнудува восхит.“

Моклишкото езеро е доказ дека на природата никој не може да ѝ се спротивстави, но како и некогаш болните „траги“ кои ги остава зад себе можат да се претворат во прекрасна природна убавина. За повеќе фотографии од природните убавини во Македонија, можете да го посетите Инстаграм профилот на Марко ТУКА.