„Mahala“ – Кумановецот Aiman се враќа со носталгичен VHS спот низ своето Карап маало
По шест месеци пауза, кумановскиот артист Aiman се враќа на локалната сцена со нова трака насловена „Mahala“ – визуелно и звучно парче што води низ уличките на Карап Маало, местото каде што пораснал.
Песната е автобиографска, со текст напишан од самиот изведувач, а целиот проект зад себе има локален тим:
🎛️ Микс, мастер и аранжман – Давид Ивановски
🎥 Видео (VHS стил) – Филип Мандев (FM17 – Скопје)
🎨 Визуелен дизајн – Марко Донески/ mdvisuals
„Mahala“ претставува искрен приказ на секојдневието, животниот стил и духот на маалото – ретро по изглед, но реален по содржина.

Коментирај анонимно