Мајчинска љубов! Кокошка „посвои“ необични сирачиња на кои мајката им починала

Ова е симпатичен момент кога еден земјоделец откри дека една од неговите кокошки зела мачиња под закрила – буквално.

Горан А Сурчи се обидувал да разбере од каде доаѓаат звуците на мјаукање во неговиот кокошарникот во близина на Ербил, северен Ирак.

Но, курдскиот земјоделец не очекуваше дека изворот на бучавата ќе биде толку близу до неговите животни.

На снимките се гледа како Горан оди до една од неговите кокошки и нежно ја крева за да открие легло мачиња.

Видео клипот оттогаш стана вирален со повеќе од 300.000 прегледи на Тикток.

Горан рече: „Веќе некое време, слушав мјаукање од нашиот кокошарник и бев љубопитен да знам што се случува, бидејќи нашите пилиња можат да бидат изложени на ризик. Откако сфатив дека мјаукањето доаѓаат од под кокошката, ја поткренав и ги открив мачињата“.

Горан потоа сподели како открил дека мачињата најверојатно нашле засолниште со кокошката бидејќи нивната мајка трагично се удавила во близина.