Мајчинската љубов не познава граници, а оваа кучка од Русија најдобро го покажува тоа

Понекогаш не е доволно само да дадете живот на некое суштество и да се наречете мајка. Мајчинството се состои од многу љубов, грижа и посветеност кон своите најмили. Лавицата Сирона родила две младенчиња во паркот „Бел лав“ во градот Владивосток, Русија, но вработените се загрижиле кога сфатиле дека таа не се грижи добро за своите бебиња, па дури и ги повредува.

Лавицата е опишана како „многу интровертна, резервирана и таинствена“, а нејзините мачиња станале „изнемоштени и дехидрирани“ додека биле под нејзина грижа. За да се осигурат дека нивната ситуација нема да стане фатална, чуварите одлучиле да ги дадат на германски овчар, по име Сандра.

Директорот на паркот Виктор Агафонов рекол дека однесувањето на Сирона околу новороденчињата било „потполно абнормално“. Агафонов вели дека Сандра обично не сака мачки, но одлично ги прифатила малите лавчиња, откако и самата станала мајка на кученце.

Сандра била позајмена на паркот откако од „Бел лав“ истакнале оглас каде што побарале мајка за згрижување. Директорот вели дека благодарение на Сандра животните ќе преживеат и дека таа воопшто не ги дискриминира. Тој увери дека млекото на Сандра е прифатливо за лавовите, велејќи дека ги има „сите потребни хранливи материи за нормален развој“.

Чуварите признаваат дека е „многу рано да се мисли дека сè ќе биде совршено во иднина“, но тие изразуваат надеж дека Сандра ќе продолжи да биде добра мајка за нејзините згрижувачки младенчиња.