Мајк Тајсон ја трга раката на Пи Диди од неговата нога за време на непријатно интервју од 1998
Видео од 1998 година, во кое се појавуваат Пи Диди и Мајк Тајсон, неодамна стана вирално и предизвика реакции. Во клипот, Тајсон и Диди седат на кауч додека раперот раскажува за момент кога паднал на сцената.
Додека говори и гестикулира, Диди ја става раката близу до ногата на Тајсон, на што боксерот реагира и ја трга раката, прикажувајќи ги притоа прстенот и часовникот на раперот.
Но Диди повторно ја става раката на истото место. На крај, Тајсон се трга малку настрана од него, што брзо беше забележано од гледачите на мрежите.
На 16-ти септември, Диди беше уапсен и обвинет за трговија со луѓе, рекетирање и транспорт со цел проституција. Пејачот на хитот „I’ll Be Missing“ You ги негира сите обвинувања против него.
Во друго видео што повторно исплива, се гледа како Диди, во 2003 година, ја поканува 13-годишната актерка од филмот „The Ring“, Дејви Чејс, на „афтерпарти“. Тој се наведнува кон неа и ја прашува: „Ќе дојдеш ли вечер на афтерпарти?“ Актерката нервозно одговара со кимнување. Таа нема дадено коментар за видеото, ниту има докази за понатамошен контакт меѓу нив.
Коментирај анонимно