Мајка го роди третото најголемо бебе во Белика Британија и го опиша како „слатко Мишелинче“
Мајка роди машко бебе тешко повеќе 6kg во Оксфордшир, Англија што го прави трето најтешко новороденче во Велика Британија.
Шерал Мичел (31) го шокираше персоналот во болницата Џон Редклиф во Оксфорд откако, со помош на две медицински сестри, роди дете тешко 6,7kg.

Бебето Алфа, родено во 38-та неделa, оттогаш го доби прекарот „Мишелин“.
Се верува дека тој е третото најголемо бебе во Велика Британија и најголемото во последните осум години.
Моменталниот рекордер е Гај Кар, роден во 1992 година со 7,1kg, по што следи Џорџ Кинг, 6,8 kg кој е роден во Глостер во 2013 година.

Алфа бил изненадување бидејќи г-ѓа Мичел остана бремена и покрај тоа што имала контрацептивната спирала пред да забремени од сопругот електроинженер, Тајсон (35).

Г-ѓа Мичел, која има уште три деца, го опиша Алфа како „Мишелин“.
Таа рече: „Не мислевме дека тој ќе биде толку голем. Имаше две медицински сестри кои го влечеа едната се обидуваше да го турне надолу за да го извлече“.

Алфа е втор син на г-ѓа Мичел по Лион (3), а таа има и две ќерки Рог-Анџел (4) и Твила, која има 10 месеци.

Сепак, таа вели дека Алфа е најголем, а нејзините други деца биле со „нормална тежина“ кога се родиле.
