Мајка херојски се борела против див ѕвер кој го нападнал нејзиниот син

Жена од Калифорнија, САД, херојски се борела против пума која го нападнала нејзиниот син.

Застрашувачкиот инцидент се случил во Калабасас во четвртокот, 26 август, кога пумата го нападнала петгодишното дете кое си играло во близина на неговиот дом.

Животното тешко 30 килограми успеало да го одвлече петгодишното дете низ тревник, пред мајката да излезе од куќата и да го спаси со голи раце.

Момчето се здобило со повреди на горниот дел од телото и главата, но во моментов е во стабилна состојба и се лекува во болница во Лос Анџелес.

За време на инцидентот, откако ја слушнала вревата надвор, мајката на момчето „истрчала од куќата и почнала да ја удира пумата со тупаници и така успеала да го спаси своето дете.

Откако момчето било спасено, неговите родители го одвеле директно во болница. Во болницата, ги известиле надлежните и  службеник за диви животни бил испратен на местото на настанот.

Службеникот го застрелал и го убил животното, бидејќи според него „пумата била агресивна и претставувала опасност во населено место“.