Мајка и син дипломираа заедно на ист факултет – најдобриот подарок за Денот на мајката

Бренди Филдс и нејзиниот син Кајл доживеаја посебен момент кога заедно дипломираа на Универзитетот Тексас Кристијан (TCU) во петокот, токму за викендот на Денот на мајката.

Носејќи идентични виолетови Nike патики — во една од боите на универзитетот — тие ги примија своите дипломи на првата церемонија за постдипломски студенти на TCU.
„Кога дознавме дека постдипломските програми ќе бидат на иста церемонија, тогаш навистина ни стана јасно дека ова ќе го доживееме заедно“, изјави Бренди.

 

Мајка и син дипломираа заедно на ист факултет – најдобриот подарок за Денот на мајката

Поддршка и мотивација еден за друг

Кајл, 22-годишен, кој доби магистерска диплома по либерални уметности, бил воодушевен кога слушнал дека неговата 50-годишна мајка, која го завршила извршниот МБА, се враќа на училиште.
„Кога реши да се врати на факултет, особено на TCU, не можев да бидам посреќен“, изјави тој.

Семејството се преселило од Калифорнија во близина на Кајл, откако починала мајката на Бренди во 2020 година. Пријателите на Бренди мислеле дека Кајл ќе биде против идејата неговата мајка да учи на истиот универзитет.
„Многу од моите пријатели ми велеа: ’О, не, Кајл ќе те убие. Прво се селите таму, сега ќе одиш и на неговиот факултет“, раскажува таа низ смеа.

Но, тие згрешиле. За Кајл, кој дипломирал комуникологии на TCU во 2023 година, мајчината посветеност на учењето била вистинска инспирација.
„Кога ја гледам како се враќа од работа и веднаш седнува на домашни задачи, си помислувам: ’И јас морам да следам по нејзиниот пример“, вели тој.

Поддршка и мотивација еден за друг

Моќна порака за сите мајки

За Бренди, ова заедничко искуство било особено значајно.
„Кога го гледам како веќе е возрасен, самостоен и се снаоѓа, си велам: ’Вау.’ Тоа ми ја покажа вистинската вредност на ова искуство — да го делиме заедно. Тоа ме направи уште погорда“, вели таа.

Работливата мајка се надева дека ќе ги инспирира другите мајки да ги следат своите соништа.
„Важно е мајките да не забораваат на себе, да продолжат да растат и да се предизвикуваат. Мојот совет е: само направете го тоа“, порача Бренди.

Посебноста на нивниот заеднички успех не им избега ниту на Бренди, ниту на Кајл.
„Не секој може да каже дека студирал заедно со мајка си, особено на ниво на магистерски студии“, рече Кајл.
„Да одиме заедно на сцената за дипломирање, токму за Денот на мајката, е неверојатен и значаен момент за нашето семејство“, додаде Бренди.

А за идентичните Nike патики, идејата била на Кајл.
„Патиките се моја страст. Помислив дека би било кул да ѝ купам пар и за неа и за мене. Да се поврземе и да зачекориме заедно на сцената“, вели тој.

 

Моќна порака за сите мајки

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *