Мајка, ќерка и непознат маж во воз (виц)

Воз, привлечен маж, мајка и ќеркичка во исто купе.
Девојченцето:
– Чичко, а дали вие имате жена?
– Не, немам – насмевнато одговара мажот.
– А имате ли кола?
– Да.
– А, што работите? – продолжува со прашањата девојчето.
– Имам своја фирма.
Девојчето се врти кон мајка си:
– Мамо, што друго требаше да го прашам?