Мајка која сруши рекорд и роди 9 здрави бебиња одеднаш, гордо споделува фотографии од огромното семејство

Халима Сисе гордо се фотографира со своите девет бебиња, пет месеци откако се породи во клиниката Аин Борха во Казабланка, Мароко, и се најде на насловните страници низ светот бидејќи го скрши рекордот на Надја Сулеман која роди осум бебиња одеднаш во 2009 година.

Г-ѓа Сисе (26) рече: „Сите се многу добри и задоволство ни е да се грижиме за нив. Тие стануваат посилни секој ден и можеби ќе им биде дозволено наскоро да ја напуштат болницата и ќе можеме да ги однесеме дома“.

Деветте младенчиња на г-ѓа Сисе, кои биле зачнати по природен пат, тежеле од 500 грама до 1 кг кога биле родени и морале да бидат ставени во инкубатори во одделот за интензивна нега на клиниката, каде што деноноќно биле надгледувани од медицинскиот персонал, во првите неколку месеци од нивниот живот.

Сега сите девет се во добра здравствена состојба што значи дека наскоро ќе можат да се вратат во нивната матична земја, Мали.

Како што бебињата наближуваат шест месеци, г-ѓа Сисе и нејзиниот партнер Кадер Арби (35) прославија со објавување на овие  фотографии на кои е прикажано семејството.

Новите слики ги прикажуваат момчињата: Оумар, Елхаџи, Бах и Мохамед Шести, во зелени костуми на кои пишува „Брат“ и девојките  Адама, Оуму, Хава, Кадидија и Фатума кои се облечени во розово и светло сино.

Тие биле извадени од инкубаторите на почетокот на август.

„Да се ​​роди едно дете е доволно тешко, но да се има девет е незамисливо“, рече Халима. „Зачудувачки е обемот на работа што е вклучена во грижата за нив. Благодарна сум на медицинскиот тим за сета напорна работа и на Владата на Мали што го финансираше ова“.

Халима се породила со царски рез, придружувана од нејзината сестра Ајша, додека нејзиниот сопруг првично останал во нивниот дом во Тимбукту, Мали.

Опишувајќи го пораѓајот, Халима рече: „Додека бебињата излегуваа, имав толку многу прашања низ мојот ум. Бев многу свесена за тоа што се случува и се чинеше дека од мене излегува бескраен поток од бебиња“.

Таа додаде: „Сестра ми ме држеше за рака, но се што размислував е како ќе се грижам за нив и кој ќе ми помогне?“

Кадер првично не можел да патува поради ограничувањата за патување поради Ковид, но конечно пристигнал во Мароко на 9 јули, откако поминал десет дена во карантин.

Кадер и Халима се венчале во 2017 година, а исто така имаат уште една ќерка, Соуда, која има две и пол години,

Тие живеат во скромна куќа со три спални соби за која велат дека ќе мора да ја прошират поради бебињата.

На парот првично им било кажано дека Халима носи седум бебиња од лекарите во Мали, кои се плашеле дека има помалку од 50% шанси некое од нив да преживее.

Во согласност со исламските обичаи, имињата на новороденчињата биле откриени седум дена по нивното раѓање.

Бебињата се родиле по следниот редослед: Кадидија, 2kg840, Мохамед VI, 3kg315, Фатоума, 3kg130, Oумар, 2kg400, Хава, 1kg585, Aдама, 2kg720, Бах, 2kg900, Oумуи, 2kg795 и Eлаџи 1kg870.