Мајка којашто не знаела дека е бремена, се породила на семејниот одмор во шатор – мислела дека болките во стомакот ѝ се од лоша храна

Мајка која немала поим дека е бремена, мислела дека постојаните грчеви во стомакот биле резултат на некаква интолеранција со храна, се додека не родила здраво женско бебе.

 

 

 

Зои Дојл, од Велика Британија останала запрепастена откако ја родила својата ќерка Хејли во својот шатор додека кампувала на островот Хејлинг, во Хемпшир. 38-годишната жена рекла дека „немала симптоми на бременост“, имала редовни менструации, па дури и летала за Турција два месеци пред неочекуваното пристигнување на бебето. Зои забележала одредено зголемување на телесната тежина во месеците пред да се роди Хејли, но мислела дека тоа е затоа што јадела многу ноќно време.

 

 

 

Животот ѝ се свртел наопаку кога минатиот месец отишла на одмор во камп со своите две деца и сопругот Стјуарт Дојл. Неколку дена по патувањето, Зои се разбудила околу 5 часот наутро на 1-ви август со грчеви во стомакот – за кои таа мислела дека се од храна.

Меѓутоа, откако болките во стомакот и се влошиле, Зои мислела дека можеби има спонтан абортус и го разбудила сопругот за помош. Мајката на три деца тогаш почнала да чувствува огромна потреба да извади нешто од себе, кога однеднаш Стјуарт забележал глава како излегува од неа. Тој потоа ја породил жена му во шаторот пред да ја пренесе во болница.

 

 

 

Зои рече: „Се разбудив и помислив дека пилешкото што го јадевме претходната вечер навистина ми го вознемири стомакот, но не беше така“.

Нивното „огромно изненадување“ сега совршено се вклопило во нивното растечко семејство.

 

 

Зои изјави: „Реков дека некогаш ќе имам уште едно дете, но потоа сепак рековме дека ќе видиме. Потоа рековме не, завршивме. Бидејќи и мојот сопруг е дијабетичар, тие рекоа дека нашите шанси да имаме уште едно дете се многу мали. Па кога дојде, помислив како е таа овде? Таа се изборила против сите шанси да биде тука. Таа беше толку големо изненадување. Таа ќе ја има најневеројатната приказна за раскажување кога ќе порасне“.