Мајка користи „смирувачки ќош“ за нејзиниот син и вели дека е поефикасно отколку да го казни

Казнувањето функционира само кога родителите знаат како да го направат тоа, казната служи за детето да ја сфати својата грешка, а не да функционир врз основа на страв. Ники Мулен круз сфатила дека казните не функционираат за нејзиниот син и не сакала тој да седи со збунувачки емоции, затоа дошла на идеја да направи „смирувачки ќош“ за кој што вели дека одлично функционира.

Смирувачкиот ќош

Она што навистина и било потребно било безбедно место за дисциплинирање на своето дете, а не само празна локација за казнување. Затоа креирала мало, но прекрасно место од страната на троседот наречено „Смирувачко катче“. На ова место, нејзиниот син може да се смири и „да управува со своите чувства на здрав начин“. Со светли бои и мек килим, ова станува место за размислување и мир, а не страдање.

Новите последици

Пристапот на Ники ги редефинира резултатите од недисциплината на децата затоа што тајм-аутот веќе не е последица на лошото однесување. Детето може да дише, да размислува и да медитира додека се движи од состојба на гнев и агитација во опуштеност и јасност. И тогаш, кога детето е подготвено и смирено, доаѓаат последиците. На пример, Ники вели дека му ги одзема телефонот и таблетот или го замолува да направи дополнителни задачи или го ограничува пристапот до специјални играчки со кои момчето сака да игра.

Алатки за сите 5 сетила

Еден од најдобрите делови на „смирувачкото катче“ на оваа мајка е корпа со алатки. Со нив, нејзиниот син може да ги доживее сите 5 сетила. Списокот оди на следниов начин: меки играчки (за допир), плазма топка (за допир и вид), сијалица што ја менува бојата (за вид), растенија (за мирис, вид и допир), гума за џвакање (за вкус) , есенцијални масла и мелеми (за допир и мирис), безжична машина за звук и тропалки (за звук) и, се разбира, некои постери за да го потсетат како да го искористи просторот на релаксирачки и ефикасен начин.