Мајка купила навидум „слатка и забавна“ играчка за својата ќерка, но кога дошла дома ја сфатила грешката
Една мајка од Полска што моментално живее Тајван открила дека играчката „танцувачки кактус“ на нејзиното дете пцуе и рапува на полски јазик за кокаин и самоубиство.
Сите сме имале играчки кои зборуваат, без разлика дали тоа е барбика што се смее или кукла што плаче за да ја „нахраните“. Сепак, треба да се повлече граница помеѓу играчки со чудни пораки и кактус што наводно рапува на полски за несоодветни теми за деца.

Мајката која живее во градот Таичунг во Тајван ја посетила нејзината локална продавница „Керфур“ кога наишла на играчката. Играчката- кактус била опишана како „слатка и забавна, најдобриот подарок за деца што ќе ја стимулира детската активност и ќе танцува неколку часа, донесувајќи му на детето многу насмевки“.
Меѓутоа, кога кактусот започна да пее, таа сфатила дека песната е „Каде е белата јагула“ од полскиот рапер Сипис, во која се збори за кокаин и самоубиство.
Текстот гласи: „Единственото нешто во мојата глава е пет грама кокаин, летај сам до работ на заборавот. Имам мисли во мојата глава, кога ќе заврши сето ова, кога и да не сум сам, затоа што ќе лета бела јагула“.
Друг стих гласи: „Журка по хемија, сакам да одам на скијање, кај дилерот, а не на Алпите. Ох , мислам дека ќе умрам ако нешто не шмркам наскоро, толку многу сакам да ги допрам sвездите“.
Менаџерскиот тим на раперот изјави дека се обидува да преземе „законски чекори“ против производителот на играчката за „незаконска употреба“ на песната.
