„Мајка ми ми го извади моето „убаво“ име од календар – па, така постојано трбеа да ги убедувам луѓето дека мојата лична карта е вистинска“

Иако не е родена во ноември ниту во јуни, девојка од Висконсин добила име што ги вклучува двата месеци — се вика Ноември Јуни Браун. Нејзината мајка, Април, одлучила да ја продолжи семејната традиција на имиња инспирирани од месеци во годината. Нејзината мајка се вика Април, баба ѝ е Јуни (Џун), а сестра ѝ — Хејли Декември. Сепак, ниту една од нив не е родена во месецот според кој е именувана: Април е родена во јануари, Јуни во април, Хејли Декември во ноември, а Ноември во август.

 

„Мајка ми ми го извади моето „убаво“ име од календар - па, така постојано трбеа да ги убедувам луѓето дека мојата лична карта е вистинска“

Постојани реакции

Ноември, писателка и креаторка на содржини од Медисон, САД, раскажува дека нејзиното необично име често предизвикува реакции — луѓето мислат дека нејзиниот личен документ е лажен или дека користи уметничко име. Сепак, таа го прифаќа тоа како „трик“ и ужива кога ја докажува вистината.

 

Постојани реакции

Дали традицијата ќе продолжи?

„Мајка ми мислеше дека името е убаво и сакаше да ја продолжи семејната традиција. Татко ми мораше малку да се убеди, бидејќи стравуваше дека ќе нè исмејуваат поради имињата“, вели Ноември. Иако понекогаш се шегувале на нејзина сметка — особено кога ѝ честитале роденден на 1 ноември — таа никогаш не била навистина исмејувана.

Ноември вели дека сака да ја продолжи традицијата и со своите идни деца, иако признава дека нејзиниот партнер ќе треба да се убеди: „Мислам дека Ноември е прекрасно женско име, а Октомври би било интересно машко име. Би било забавно да се продолжи оваа традиција“.

 

Дали традицијата ќе продолжи?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *