„Мајка ми нѝ одржуваше „Курс за идни сопрузи“ не мене и на двајцата мои браќа – еве зошто мислам дека секое семејство треба да му го овозможи ова на своето дете“

Иако стапката на бракови во светот бележи значителен пад, сепак, се очекува поголемиот дел од децата кои растат денес, да се омажат или оженат. Ако сегашните трендови продолжат, околу половина од тие бракови би завршиле со развод. Истражување објавено во списанието „Couple Family Psychology“ ги наведува главните причини за развод: недостаток на посветеност, неверство, преголем конфликт, рано склучување брак и финансиски проблеми.

Многумина веруваат дека би било корисно доколку младите учат како да бидат добри сопружници, за да ги избегнат овие проблеми. Но, во светската култура, вакви специфични совети за успешен брак најчесто не се учат, туку се пренесуваат од примерот на родителите.

Уметникот Даг Вивер имал поинакво детство. Неговата мајка, Мики, создала курс за него и неговите двајца браќа наречен „Тренинг за идни сопрузи“, кој вклучувал различни лекции за да ги подготви за успешен брак. Во видео на „TikTok“, кое има над 5,9 милиони прегледи, Даг објаснува дека курсот опфаќал теми како џентлменско однесување, важноста на слушањето на партнерот и почитувањето на жените, како и значењето на согласноста.

Курсот дури го привлекол и неговиот татко, кој сакал да ги научи истите лекции, бидејќи не му биле предадени додека растел. По завршувањето на курсот, Вивер и неговите браќа добиле сертификати на денот на својата венчавка.

Видеото на Вивер предизвикало голем интерес на „TikTok“, па тој одлучил да го направи курсот достапен за пошироката јавност. Планот е да се споделат лекциите преку „YouTube“, а оваа иницијатива нагласува дека учењето како да се биде добар сопружник е процес кој треба да биде дел од воспитувањето на секое дете.

 

@dougweaverart

Husbands in training! #parenting #storytime #story

♬ original sound – dougweaverart

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *