Мајка напиша „посебно“ писмо за сосетката која се жалела зошто малото дете црта со креда пред зградата

Ретко кој може да си го замисли детството без цртање со креда на тротоарите, на игралиштата, пред зграда, во двор и тн. Вака родителите ги учат децата бројки, букви, животни на забавен и креативен начин. Ова е најдобра начин детето да се игра со пријателите, да создава уметност и да ја буди фантазијата, без да нанесе било каква штета, или барем тоа е мислењето на најголем дел од луѓето.

Сепак не се сите толку возбудени за цртањето со креда. Една сосетка толку била изреволтирана тоа што малото дете на една жена црта со креда пред зградата што одлучила да се пожали пред одборот на соседите и да побара да се забрани вакво нешто.

Иако можеби се прашувате што точно ја вознемири (дали беше премногу зелена боја, недоволна прецизност?), мајката Ешли Вудфолк сподели големо писмо за одговор што го напиша… со креда пред зградата за да може сосетката убаво да прочита.

„Па и напишав мало писмо. Во креда на тротоар. Во дворот“, твитна Ешли вчера и нејзината објава стана вирална, собра 237,6 илјади лајкови и продолжува да собира. Па, ајде да видиме што таа мораше да ѝ каже на својата сосетка подолу и не заборавајте да ги споделите вашите размислувања за инцидентот во коментарите!

Ова ќе биде мојот последен пат како користам креда во дворот на зградата бидејќи изгледа како толку голем проблем за тебе (и само за тебе). Жал ми е што безопасната забава што му носеше радост на моето детенце (и всушност му помогна да ги научи сите букви и поголем дел од бројките, омилени му се Е и 8) ти предизвикува толку многу непријатност што мораше да се пожалиш на одборот и да го трошиш времето на сите кога нашата зграда има многу поголеми проблеми.

Мислам дека си свесна дека сме среде пандемија и додека би сакала детето да го носам во музеи и кино не се чувствувам безбедно за да го направам тоа, а дури и понекогаш локалните паркови се препосетени и не се чувствувам удобно да го носам таму. Дворот беше безбеден простор, но сега има ограничувања и за тоа. Има само уште неколку недели останати од убавото време и искрено се надевам дека ќе уживаш во дворот слободен од креда до крајот на есента. И се надевам дека секогаш кога ќе заврне, дождот кој ќе ги брише деловите од абецедата која сум ја напишала ќе се потсетиш на мене.

Со сета љубов

Ешли.

Од духовитиот и грациозен стил на писмото со креда, можете да заклучите дека на Ешли не ѝ е непознато пишувањето. Всушност, Ешли Вудфолк е мајка и писателка со полно работно време, која, според нејзината веб-страница, живее во стан во Бруклин со „нејзиниот сладок сопруг, нејзиното слатко куче и најслаткото бебе на светот“.