Мајка од Полска ги документира безгрижните лета на нејзините деца во село, без интернет и телефони

Секој од нас се сеќава на моментите кога за време на летниот распуст сме оделе во село кај баба и дедо или пак некои роднини и барем на кратко сме го почувствувале вистинското задоволство од слободата. Денес децата се окупирани од урбаната средина и станува реткост да се видат деца како пливаат во река, извалкани во кал или пак се фрлаат во сено.

Сепак Изабела Урбањак од Полска не пропушта своите деца од мали нозе секое лето кога ќе завршат со училиштето да ги носи на село. Таму тие немаат пристап до современиот свет и уживаат во оние задоволства кои им ги овозможува природата. За среќа природата е прилично дарежлива и тие можат да уживаат во неверојатни моменти.

„На сите деца им посакувам безгрижно детство. Овие фотографии се од мојата „Серија лето“, што започнав да ја документирам во 2012 година, за да ги доловам идиличните летни одмори на моите деца и нивните братучеди во полското село.“, вели Изабела.