Мајка од Русија ја присилила својата ќерка да живее изолирана во ужасни услови цели 26 години

Откриено е дека една Русинка ја чувала својата ќерка цели 26 години изолирана. Мајката на жената, Татјана Бушуева, наводно, го сторила тоа за да „ја заштити од светот“.

Надежда Бушуева, која сега има 42 години, за прв пат ја напушти куќата по повеќе од две децении, бидејќи нејзината мајка беше хоспитализирана – не е познато за што е хоспитализирана.

Мајката и ќерката живееле во куќата заедно со неколку мачки и немале вода или електрична енергија, поради што 42-годишната жена признала дека несе капела од 2006 година – нешто што го демонстрираше големиот куп коса кој морал да биде исечен.

Шокантниот инцидент се случил во селото Арефински, во округот Вачки во Западна Русија, Нижни Новгород. Надежда раскажала дека таа и нејзината мајка делеле ист кревет и куќата била полна со стаорци и мачки кои брзо умирале. И покрај тоа што мајките умирале тие не ги фрлале нивните мртви тела.

Откако Татјана се пензионирала, таа и Надежда очигледно започнале да живеат исклучително затскриен начин на живот, при што мајката одбивала помош од социјалните служби и други службени лица.

Татјана прв пат ѝ забранила на својата ќерка да излегува на 16-годишна возраст, а потоа Надежда вели дека престанала да се обидува. Таа тврди дека нејзината мајка ѝ забранила да оди на училиште или пак да се вработи. Дури откако Татјана била хоспитализирана, Надежда се обратила до водачот на локалниот совет, Василиј Товаров и му ја открила шокантната приказна.

„Надежда дојде во мојата канцеларија сама. Сакавме да ја нахраниме, подготвивме сендвичи, но таа не јадеше ништо. Но, таа не е луда.“, вели Василиј. Надежда побарала пасош и работа.

И покрај тоа што ги побара овие работи, локалните медиуми објавија дека ќерката се плаши да направи премногу промени во нејзиниот живот, плашејќи се дека нема да може да разбере како функционира светот.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!