Мајка останала посрамена и во шок, откако нејзиниот син однел на училиште „непристоен“ цртеж од неа

Откако ја средувала куќата мајката Ники Бритон наиде на интересно дело. Џек синот на Ники, насликал слика од мајка му со кафеава коса, голема насмевка, пар чевли и, добро, ништо друго на себе. Таа се потсетила на „старите добри времиња“.

„Првиот пат кога го видов тоа беше на неговиот класен собир, каде што мојот мал Пикасо гордо го прикажа пред целото училиште, вклучувајќи ги и родителите“.

„Ги слушав мрморењата од смеа и сакав земјата да ме проголта!“, вели Ники. Понатаму, таа рече дека кога го прашала Џек за голата слика, неговиот одговор бил „Немав време да насликам облека на тебе“.

Таа вели дека „децата се прекрасни“ и иако сакала да исчезне од срам Џек бил многу горд на својот цртеж па затоа го задржале.