Мајка откри дека невестата на нејзиниот син ѝ е биолошка ќерка, на денот на венчавката, но свадбата продолжи

Една жена ја пронајде својата изгубена ќерка како невеста на нејзиниот син на денот на нивната венчавка во Кина.

Жената, наводно, можела да ја препознае својата ќерка, од која била одвоена пред многу години, поради белег на раката на денот на церемонијата.

Невестата и нејзината мајка биле видени како плачат и се прегрнуваат едни со други за време на изненадното обединување  на 31 Март.


Венчавката беше во можност да се одржи откако беше утврдено дека синот на жената е посвоен, што значи дека тие не беа сродно поврзани едни со други.

Жената, наводно, решила да посвои син откако со години залудно ја бараа својата ќерка.

Извори велат дека мајката на младоженецот го забележала белегот на раката на невестата.
Од неа било побарано да ги праша родителите на невестата дали нивната ќерка била посвоена.

Родителите беа изненадени од прашањето пред да кажат дека го посвоиле детето откако ја нашле покрај пат пред повеќе од 20 години.

Кога ја слушна приказната, невестата се расплака и го опиша моментот на запознавање со нејзината биолошка мајка како „посреќен од самиот ден на венчавката“.

Венчавката беше во можност да се одржи и покрај шокантното откритие и парот ги размени своите завети.