Мајка со еден потег ја уништи „кариерата“ на нејзината 14-годишна ќерка
Фернанда Роча Канер е мајка на Валентина, позната како Нина Риос, 14-годишна инфлуенсерка од Бразил, која има 1,7 милиони следбеници на социјалните мрежи. Во обид да ѝ одржи лекција на својата ќерка за животните вредности, Фернанда ги избриша Инстаграм и Тикток профилот на Нина Риос, овој потег мајката го нарекува „радикален“, но и „потребен“.

Според Фернанда, социјалните платформи како Инстаграм и Тикток се „нездрави“ и таа не сака нејзината ќерка да минува низ животот верувајќи дека тоа што го гледа на социјалните медиуми е реално. „Мислам дека не е здраво дури и за возрасно лице, а уште помалку за тинејџерка“, рече Фернанда.
„Тешко е да откриеш која си на 14 години. Кога те гледаат два милиони луѓе што никогаш не сте ги виделе во животот, тоа е уште поопасно. Полесно е да се изгубиш“, сподели загрижената мајка.

Главниот фактор во одлуката на Фернанда да ги избрише профилите било тоа што таа не сака Валентина „да порасне верувајќи дека таа е овој лик“. Не сакам да рекламира запалива полиестер облека произведена во Кина. Не сакам мојата брилијантна ќерка да танцува пред камера како мајмун. Во оваа тажна генерација ова се смета за слава “.
