Мајка создаде работни места во домаќинството и ги тера децата да аплицираат за да заработат џепарлак

Самохрана мајка од Џорџија, Шакета Мерион Мек Грегор е прилично сериозна во своите планови. Наместо само да им даде на 3 деца џепарлак, таа создаде своја сопствена „компанија“ дома, вработувајќи ги своите деца со апликации за работа и интервјуа. Давањето на вистински работни задачи и должности не само што се покажа како ефективно, туку исто така воодушеви 216.000 корисници на Фејсбук и стана пример за другите семејства.

Откако изгубила многу работи во пожар кој им го зафатил домот ѝ било многу тешко да им го овозможи на децата она што го бараат.

Да се биде самохран родител со 3 деца не е лесна задача. Кога станува збор за семејните финансии, бара строго сметање од друга страна важно е да ги научите децата на вредноста на парите и како работат финансиите. Тогаш Шакета одлучи дека, сега, добивањето џепарлак нема да биде така лесно за нејзините деца – Џахким (14), Такеја (11) и Серинити (7).

Еден ден, децата дошле дома и ги пречекал саем за работа.

Мек Грегор сподели дека откако нејзините деца почнале да бараат нови телефони и други работи таа им одговорила дека ги слушнала нивните барања и дека ќе има изненадување за нив утре, кога ќе се вратат од училиште. Навистина имала изненадување, децата ги чекал саем за работа со списоци со работни места, апликации, па дури и „Кредитна унија на мама“.

Според неа децата и претходно извршувале домашни обврски, но се расправале кој да прави одредено нешто. Сега, кога тие имаат посебни описи на работни места, тоа веќе нема да претставува проблем.

Мек Грегор навистина одржа интервјуа со своите деца за испразнетите позиции и им даде на „новите работници“ пакети со нови вработувања. Шакета сподели дека интервјуата за работа поминале добро, освен неколку кикоти тука и таму. Но, изненадувачки, нејзината најмлада ќерка била најпрофесионална.

Работите дури станале конкурентни!

Мек Грегор сподели дека морала да го одбие Џахким за работа што ѝ припаднала на неговата мала сестра Серинити. Мајката вели дека била многу импресионирана од нејзината апликација и интервјуто за работа, но Џахким сепак имал можност да биде Менаџер на кујна. И бидејќи таа позиција била достапна, тие можеле да преговараат за поголема плата ако тој е подготвен да ја прифати улогата.

На крајот на првиот месец, децата со нетрпение ја очекувале својата прва плата. Покрај дисциплината, овој метод може да биде корисен и во иднина – кога децата ќе мораат да аплицираат за факултет или за нова работа, тие можат да погледнат назад и да кажат дека тоа го сториле со мама веќе.