„Мајка сум и зависна сум од тетоважи. Ставам и по 3 нови тетоважи неделно!“
Мелиса Слоун (45) од Велс почнала да се тетовира на 20-годишна возраст и сподели како изгледала пред нејзината бизарна трансформација.
Мелиса е толку опседната со мастило што носи пиштол за тетовирање каде и да оди.
Во една нејзина изјава, таа вели: „Кога ми е досадно и седам на софата, од никаде си помислувам „ајде да одам да се тетовирам. Едноставно го сакам зуењето. Тоа ме прави да се чувствувам жива“.
Мајката откри дека нејзината опсесија со тетоважи, кои вклучуваат тетоважи на лицето, зајачици на „Плејбој“ и листови марихуана, и отежнувало да најде работа“.
Таа дури и им дозволила на двете нејзини деца, кои се во основно училиште да се обидат да ѝ го истетовираат грбот.
Зборувајќи во едно интервју, таа вели дека ја имала својата прва тетоважа врежана на нејзината кожа пред 20 години.
„Го имав името на моето момче, а потоа го преправив и сѐ почна така“.
Нејзината мајка починала во 2020 година на 75-годишна возраст и таа и го дала својот благослов на Мелиса да го „обвие“ нејзиното тело со тетоважи. Мелиса сега става и до три тетоважи неделно.
„Едноставно не можам да запрам“.
Коментирај анонимно