Мајка во Америка ги обезбедува сите божиќни подароци за децата со „копање“ по контејнери – заработува илјадници долари, а оваа година ги носи на луксузно патување!

Тифани Батлер, мајка од Тексас, создаде целосно поинаков начин на живеење – пронаоѓа и собира фрлени работи од контејнерите зад продавници, ги продава и на тој начин ги финансира луксузните желби на своето семејство за празниците. Оваа година ги носи своите три деца на незаборавно патување за Божиќ, платено токму од парите што ги заработила со оваа необична професија.

Мајка во Америка ги обезбедува сите божиќни подароци за децата со „копање“ по контејнери – заработува илјадници долари, а оваа година ги носи на луксузно патување!

Тифани заработува до 4.000 долари месечно, собирајќи и препродавајќи фрлени производи од контејнери

„Копањето по контејнери е мојата ’работа’, па така ја финансирав и нашата божиќна авантура,“ вели Тифани за What’s The Jam. Таа секој месец заработува од 3.000 до 4.000 долари, барајќи што се е фрлено по контејнерите на продавниците. Само оваа година успеала да собере доволно средства да ги однесе децата Миа (13), Блејк (12) и Ракстон (11) на патување од соништата во еден од најголемите затворени водени паркови во Тексас.

Божиќните подароци за децата ги наоѓа во контејнерите, штедејќи стотици долари – секогаш избира само нови производи

Освен што обезбедила патување за празниците, Тифани успеала буквално сите божиќни подароци да ги пронајде во контејнерите, избирајќи ги само новите, фрлени работи. Така, оваа година заштедила околу 200 долари на подароци. Последниве неколку години продава се, од прехранбени производи до шминка и електроника, а по првата поголема „уловена“ шминка вредна околу 1500 долари, хобито станало професија – сега има 3,3 милиони следбеници на TikTok, каде ги споделува своите наоди.

Божиќните подароци за децата ги наоѓа во контејнерите, штедејќи стотици долари – секогаш избира само нови производи

Семејна соработка – Тифани и нејзиниот сопруг спасуваат илјадници производи од депонии, 75% од нив ги продаваат

Тифани ги сортира работите што ги наоѓа по контејнерите, а нејзиниот сопруг, кој е електричар, помага околу сите потребни поправки. Од сите најдени предмети, околу 75 проценти се продаваат, а останатите се донираат или ги задржуваат за дома. Меѓу најголемите богатства се скапи апарати за коса, аквариуми, траки за трчање, шминки, па дури и различни и вкусни закуски.

Вирален успех кога пронашла сад вреден речиси 460 долари зад продавница, нејзиното најинтересно откритие било коска од кичма на кит

Во октомври стана вирално видео кога Тифани пронајде сад од Le Creuset во вредност од 420-460 долари, фрлен зад продавницата Pottery Barn. Беше малку изгребан и со шкрабаници, но откако го исчистила со алкохол, изгледал како нов. Сепак, нејзино најкул откритие било – коска од кичма на кит. Оваа необична професија не само што обезбедила луксуз за нејзините деца, туку и ја претворила во позната личност на интернет.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *