Мајкл Џордан е најбогатиот спортист во историјата: Кој бил неговиот пат до милијардите?
На крајот од април, американскиот портал Sportico објави нова листа на најплатени спортисти на сите времиња. И повторно, на врвот остана Мајкл Џордан, со заработка од 4,15 милијарди долари (пресметано со инфлација), пред Тајгер Вудс (2,79 милијарди), Кристијано Роналдо (2,23), Леброн Џејмс (1,88) и Лионел Меси (1,86). Иако ја заврши кариерата во 2003 година, Џордан и во 2024 заработил повеќе од кој било активен спортист, најмногу преку ројалти од брендот Jordan и паметни инвестиции.
Плати и договори
Во текот на својата речиси 20-годишна кариера, Џордан заработил помалку од 100 милиони долари од плати. Највисока му била платата во доцните 1990-ти – 33,1 милион долари годишно. Но, вистинскиот пресврт доаѓа со партнерството со Nike. Моделот Air Jordan 1, лансиран по неговиот договор со компанијата, стана култен, а денес брендот Jordan остварува приходи од речиси 7 милијарди долари годишно. Џордан во 2024 добил околу 300 милиони долари од продажбата, иако денес неговиот удел од ројалти е намален на 4-5%.
Освен со Nike, Џордан имал успешни соработки со Gatorade, Hanes и други компании. Контрактот со Gatorade од 13,5 милиони долари за 10 години произлезе откако Coca-Cola не прифати да му понуди ист третман како на музичките ѕвезди како Џорџ Мајкл.
Тој е легенда на спортот, но и бизнисот
Џордан е и успешен инвеститор. Во 2010 го купи НБА тимот Шарлот за 275 милиони долари, а во 2023 го продаде за 3 милијарди. Тој инвестира и во DraftKings, 23XI Racing и има бренд на премиум текила Cincoro. Покрај тоа, поседува ресторани, автосалони, голф клуб и медицински установи.
Додека другите спортисти бележат рекордни договори, никој засега нема изградена толку долгорочна и профитабилна кариера како Џордан – легенда и во спортот и во бизнисот.
preku kuro
Коментирај анонимно